Song: Dlaboko Vo Nokjta
Artist:  Brigada 3
Year: 2019
Viewed: 49 - Published at: 7 years ago

Мики :
Имаш договор за дубар со твојот другар у ноќта дубоко се глави
Отворено половина око ради порок
Житото расте но не доаѓа од Полог

Фичо :
Длабоко во ноќта мокри се улиците
Тивко ме повикуваат такви се принципите
Друга е точката на перспектива гледам што да здиплиме
Се плашам од ненадејни светла па боље да движиме

Цепо :
Ноќите екстремно темни се за да се снима сменив се
Ствари сведени на техаце но не до степенот на чешање
Долга е ноќта како раката што сече за свои потреби
Хиени на улицата пази на кој ќе прозбориш

Курташак :
На клупа незгодно а за сакал погодно подобро
Не пробувај повторно кажано конкретно
Смрди асфалтот ѓубре е снабдувачот
Ѓубре е и давачот а богами ѓубре е и клиентот
Фичо :
Преживуваат највичните ама и покварените
Колку се гради стажот толку ги разбираш погледите
Што кажуваат сите кратат и залажуваат
Најбитно во П.С. со вистина да не настапуваат

Цепо :
Пошто денес скапо животот те кошта
Тоа што висам со моите надвор не ме прави клошар
Остар ми е ставот времето поминува дур стално седам ја во маало
Па ќе речат џаболебарам на празно но

Мики :
Сега имаш чувство борбено систем ендокрин адреналин
Хемија алкохол и никотин строга прва дим
Чим стреп удара за гудрата децата у рацете прљави како јаглен рудата

Фичо :
Што се случува кога долго се ракуваат
Навиките од колено на колено не застаруваат
Клупите раскажуваат типови забавуваат
За маалски феномени нема одговор науката

Цепо :
Тука го запознав другарот и сите други ликови
На толку газење бетон уличките станаа питоми
Црниот пазар стана фабрика поцрн од африка
Рап класика ко предмети од антикварница
Мики :
Професорите прашуваат од улица дали сум ги научил говорот и манирите
Одговор сјебан бон-тонот мојот вокабулар
Не е од буквар туку од булевар

Фичо :
Како кажа братот чуден е овој наш сленг
Не се става акцент од трета рука иде секад џабе
Склопки да се пашне само кажи ајде
Населбата е школа за навек и за проблеми магнет

Цепо :
Кога ветрот дува долж булеварот чисти прљав народ
Исти мисли сеуште газат за градов кога ладно е
Никој нема надвор зошто излез до дванаесет
Све сме правеле во ПРОЛЕТ пролет лето зима наесен
Дур ние вака правиме друг си ги бара забите
Изопачени се младите до вчера баскет зад зградите
Денес главите на лошите супстанци
Бригада 3 глави мајк ради вистински дешавки!

( Brigada 3 )
www.ChordsAZ.com

TAGS :